Членови

Наши членови

Атлантик Група функционира како вертикално интегрирана мултинационална компнија чии деловни активности вклучуваат: истражување и развој, производство и дистрибуција на производи за широка потрошувачка. Атлантик Група има 5.200 вработени, 14 производствени погони (во Хрватска, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија) и развиена регионална дистрибуција со 17 дистрибутивни центри.

Бадел 1862 е првиот и најголем увозник на жестоки алкохолни пијалаци, со близу 50% од вкупниот увоз на жесток алкохол во земјата. Брендот Бадел носи уникатни вкусови на традиционалните пијалаци облагородени со модерно производство, каде секоја капка е внимателно избрана и обработена за да даде врвно искуство и задоволство на потрошувачите. Преку бескомпромисно инсистирање на квалитет и уникатен вкус за секој производ, компанијата лансираше импресивна колекција на премиум производи.

CorvusPay претставува целосно безбедна и доверлива платформа за дигитални плаќања, наменета за приватни корисници и деловни субјекти. На едно место, овозможува брзо, едноставно и ефикасно извршување на плаќања и наплати, ослободувајќи го вистинскиот потенцијал на личните финансии и корпоративното работење. Со над 15 години водство на пазарот на дигитални платежни услуги, CorvusPay е синоним за иновација, стабилност и партнерство.

Пазарот за животно осигурување во Р. Македонија официјално започна да се развива во 2005 година со основање на првата компанија за осигурување на живот во земјава Кроациа Осигурување – Живот АД Скопје. Од самото основање компанијата бележи позитивен тренд на работа и ја јакне својата пазарна позиција. Преку постојано воведување на иновации, нови производи, воспоставување на супериорен систем за грижа на корисници и праведен и брз систем за решавање на штети.

Своето работење на македонскиот пазар Кроација Осигурување – Неживот АД Скопје го започнува во 2009 година, како дел од групацијата Adris – еден од водечките осигурителни и финансиски системи во регионот. Од самото основање, компанијата се позиционира како сигурен и професионален партнер во областа на неживотното осигурување. Преку широка палета на осигурителни производи – вклучувајќи осигурување на имот, моторни возила, одговорност, транспорт и правна заштита.

КИНГ ИЦТ е систем интегратор, компанија специјализирана за развој и имплементација на напредни ИТ решенија, кои ја унапредуваат економијата и технолошкиот развој на општеството. Водејќи се од нашата визија за креирање на дигиталната иднина за следните генерации, константно го подобруваме работењето и создаваме додадена вредност за нашите клиенти.

КОНЧАР – Електроиндустрија д.д. претставува една од водечките компании во регионот во областа на енергетиката, електричната тракција и индустриската електроника. Како мултисекторска компанија со речиси еден век традиција, КОНЧАР опфаќа активности од истражување и развој, инженеринг, производство, до одржување и модернизација на комплексни системи.

Колид С е една од водечките дистрибутивни компании за стока за широка потрошувачка. Делуваме на пазарот од 1994г. Успехот на компанијата се должи на постојаното вложување во стручен и професионален кадар, континуирани инвестиции во развојните процеси и силната стратешка определба за задоволување на желбите и потребите на крајните потрошувачи.

Паком Компани е водечки дистрибутер во С.Македонија, Косово, Албанија, Бугарија и Грција. Основана е во 1991 година, а во 2006 година, компанијата Паком стана членка на групацијата М САН – водечки дистрибутер во Адриа регионот. М САН Група е основана во 1995 година. Во 1999 година, после 4 години постојан раст и развој, М Сан Група станува една од најголемите хрватски ИТ компании за што сведочат и успесите и резултатите до денешен ден.

Подравка на пазарот во Северна Македонија успешно работи веќе 32 години, и со гордост и задоволство можеме да кажеме дека во тој период стекнавме лојални потрошувачи кои нè сметаат за своја компанија. Се стремиме да им понудиме на потрошувачите максимален избор од нашите производи, со цел да им го направиме готвењето полесно и побрзо, а времето поминато со семејството на трпезата – пријатно и драгоцено.

По заземањето на стабилна водечка позиција на пазарот за прехранбени производи во Република Хрватска, следуваше логично проширување во регионот – во моментов главниот дел од меѓународното работење на Виндија се одвива во Македонија, Босна и Херцеговина и Србија, каде што компанијата има свои фабрики, комерцијални канцеларии и малопродажни продавници. Седиштето на Виндија во Македонија е во Скопје. Иако е отворено во 2009 година, Виндија веќе долго време пред тоа беше присутна со своите производи на македонскиот пазар, a после отварањето на дистрибутивниот центар следеше збогатување на понудата на македонскиот пазар.

БЕЛУПО е дел од водечките фармацевтски компании во регионот, која повеќе од 50 години успешно работи, се модернизира и развива и во моментов е присутна на 19 Европски пазари. Во Македонија компанијата е препознаена пред се како лидер во сегментот на лекови од областа на дерматологијата и со своите високо квалитетни производи е значаен партнер на пациентите и здравствениот систем во целина.